19 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАШто ќе и донесе приватизацијата на Грција?

Што ќе и донесе приватизацијата на Грција?

resized

Од програмата за приватизација на државните компании и инфраструктурни објекти, Грција очекува да добие инвестиции од 26 милијарди евра.

Најголема сума од околу 10 милијарди евра, Грција очекува од поранешниот меѓународен аеродром во Атина, а пет милиони евра од автопатите, пишува атинскиот весник Катимерини, според кажувањето на директорот на грчкиот фонд за развој на средства Такис Атанасополус.

Грчките власти од програмата за приватизација очекуваат 115.000 работни места до 2016 година, кое ќе се зголеми на 140.000 работни места до 2020 година.

Согласно планот на Владата на Антонио Самарас, приватизацијата на државните компании и инфраструктурни објекти треба да биде завршена до 2014 година.

Грчките медиуми исто така објавија дека руските компании „Gasprom“ и „Sintec“ се заинтересирани за купување на грчката компанија за гас – Депа. Од склучувањето на тој договор се очекуваат околу 1,5 милијарди евра.

Грција се наоѓа во тешка економска криза и зависи од помошта на меѓународните кредитори.

Европските кредитори кои ги сочинуваат ЕУ, Меѓународниот монетарен фонд (ММФ) и Европската централна банка, од Атина бараат ригорозни мерки на штедење, конкретни потези во врска со планот за приватизација и реализација на структурните реформи.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП