20 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАБизнис довербата во Германија продолжува да расте

Бизнис довербата во Германија продолжува да расте

germany1

Бизнис довербата во Германија во јануари повторно се зголеми.

Индексот на бизнис довербата, кој го пресметува германскиот економски институт (IFO), во јануари се зголеми на 104,2 поени, од 102,4 поени кои беа забележани во декември, со ова се надминаа очекувањата на аналитичарите кои предвидуваа скромен раст на 103 поени, пренесува агенцијата АФП.

„Бизнис довербата е зголемена трет месец по ред, а проценките за тековната деловна ситуација беа повеќе позитивни во однос на претходниот месец“, изјави директорот на институтот, Ханс Вернер Син.

Институтот го пресметува индексот според проценките на компаниите за нивните тековни бизниси и прогнозите за наредните шест месеци.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП