25 април, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНООзил премина во редовите на Арсенал

Озил премина во редовите на Арсенал

mesut

Раководството на Арсенал конечно го потврди доведувањето на полудефанзивецот на Реал Мадрид, Месут Озил. Менаџерот на „топџиите“ Арсен Венгер собори неколку рекорди за да ги обезбеди услугите на германскиот репрезентативец.

Со платени 42 милиони англиски фунти Венгер ја плати најголемата сума во историјата на Арсенал, како и најголемата трансфер цена за дојдовен трансфер во Англија ова лето.

Веста беше соопштена на официјалната интернет страна на Арсенал, каде се истакнува дека договорот на Озил со лондонскиот клуб е „долгорочен“, а здделката – “рекордна”.

„Драги фанови на Реал Мадрид. Ви благодарам за одличните три години со вас. Времето во Реал беше уникатно и посебно за мене. Но понекогаш работите се одвиваат поинаку од она што сум го очекувал пред неколку дена. Иако го напуштам Реал Мадрид, сакам да му посакам на клубот се најдобро во иднина. Сега ќе се посветам кон мојот нов клуб: „топџиите“, напиша на својот профил на „Фејсбук“ самиот Озил.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП