28 март, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОБејл пристигна на Сантијаго Бернабеу

Бејл пристигна на Сантијаго Бернабеу

bale11

Претседателот на Реал Мадрид, Флорентино Перез го претстави Герет Бејл пред повеќе од 20 илјади фанови на „Сантијаго Бернабеу“, откако играчот го потпиша шестгодиниот договор со мадридскиот гигант. Бејл е најскапиот играч во историјата, откако Реал на Тотенхем за услугите на Велшанецот уплати преголеми 100 милиони евра.

„Во Реал Мадрид доаѓа најдобриот фудбалер на англиската Премиер лига,” објави Перес, кој беше прекинат од извиците на приврзаниците кои веќе беа опремени со одбележја на новата ѕвезда на клубот. Извикува „Бејл, Бејл“ и ги полнеа паузите во говорот на претседателот на „кралевите“, а со видлива возбуда и самиот фудбалер ја слушаше изјавата на Перез.

„Здраво, сакам само да кажам дека е неверојатно да сум тука, тоа е мојот сон и ќе се обидам да му помогнам на овој тим да труимфира на сите полиња”, рече самиот Бејл кој на сите собрани на стадионот им се обрати на шпански, а заврши со “Hala Madrid”, со што ги освои и последните скептици, пред да позира во дресот со број 11.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП