19 април, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОФелаини за 24 милиони заминува во Јунајтед

Фелаини за 24 милиони заминува во Јунајтед

Moyes-Fellaini

Ѕвездата на Евертон, Маруан Фелаини е пред трансфер во Манчестер Јунајтед. Според информации од Островото, двата клуба веќе се договориле за трансферот, а „црвените ѓаволи“ ќе платат 24 милиони фунти за белгискиот репрезентативец.

Се уште не се надминати сите детали од договорот. Евертон не сака да го комплетира договорот за Фелаини пред да ги обезбеди услугите на Џејмс Мекарти од Виган.

Уште останува нејасно за иднината на дефанзивецот Лејтон Бејнс, кој исто така е посакуван од Дејвид Мојс. Тимот од Ливерпул не сака да продаде дефанзивецот за помалку од 20 милиони фунти, кои изгледа се премногу за Јунајтед.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП