20 април, 2024
ПочетнаКАРИЕРАМожеби колегите потајно ве мразат: Еве зошто!

Можеби колегите потајно ве мразат: Еве зошто!

hate

Се разбира дека ви е важно што мислат вашите колеги и деловни соработници за вас.

Тие ви се како семејство со оглед на тоа колкав дел од времето го поминувате заедно. Никогаш нема да бидете сигурни колку ве сакаат, ценат и што мислат за вас.

Она за што можете да бидете сигурни е дека потајно ве мразат доколку сте размазени, озборувате, се извлекувате од работа, се бакнувате со шефот… и некои други работи…..

…кога не работите…

Постојано се извлекувате, полни сте со изговори за да не работите и постојано одите на пауза. Доколку се однесувате вака, можете да бидете сигурни дека не ве сакаат.

…кога имате сто причини за жалба…

Топло е, ладно е, колегава е премногу спор, ме нервираат клиентиве, ме боли главата, имам премногу работа…Признајте дека е тешко да бидете публика на вакви плачковци.

…кога сте иритирачки позитивни…

Овие особини исто така се непожелни како и предходно споменатите. Кога е гужва вработените очекуваат сите да се однесуваат во согласност со ситуацијата, а не да се шегуваат и да шират несоодветна енергија која е лажна во однос со реалната состојба. Значи, треба да бидете реални доколку сакате да ве сакаат.

…кога озборувате…

Накратко, ако се однесувате како размазена кралица. Доколку имате ваков став на работното место, никогаш нема да бидете добродојдена.

…кога сте блиски со шефот…

Со бакнување со надредените, редовно упатување  на комплименти за неговиот физички изглед и слично, оставате простор да бидете сместени во категоријата на „подлизурци“. Кој всушност ги сака?

…доколку „се китите со туѓи перја“, бидете сигурни дека ве мразат…

Сигурно. Туѓата идеја да ја претставите како своја, веројатно е најголем злочин.

…кога не слушате…

Се однесувате како се да знаете, се ви е јасно во животот и во работата, па се што кажуваат другите ви е бесмислено. Не слушате. Колку и да сте образовани и паметни, не знаете се. Морате да слушате ако сакате да работите со луѓето кои ве сакаат.

…кога зборувате и зборувате и незнаете кога е доста…

Посебно доколку во реченицата имате зборови како што се „оки доки“, „мислам“, „значи“ и слично, не е пријатно да ве слушаат секој ден. Најверојатно ги нервирате колегите.

…кога редовно пред носот на колегите мафтате со својата титула…

Не грижете се, тие знаат за вашата позиција. Со тоа не добивате ништо освен намуртени лица.

…кога сте ладнокрвни…

Не сакате на колегите да им честитате за успехот и лицето ви е свенато од 9 до 17h. Кој ќе ве сака такви?

…кога сте болни и ги загрозувате другите…

Кивате, кашлате, го бришете носот. Секој разбира дека сте болни, но пред се не е пристојно да ширите вируси околу себе. Доколку со ваквата постапка сакате титула за херој кој се жртвува за работата и не сака да остане дома на лечење, ќе бидете на црна листа.

…кога како надреден издавате наредби и слично…

Вие сте одговорно лице кое води цел тим од луѓе, но тие истите нема да ве сакаат доколку сте шеф од овој тип. Бидете сигурни дека повеќе сакаат да ви го видат грбот.

 

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП