20 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАВести од светот

Вести од светот

najnovi-vesti1

Белград – Сметката на матичната компанија Симпо е одблокирана бидејќи платени се долговите врз основ на придонесите за пензиско-инвалидско осигурување, соопшти Даночната управа на Србија.

Белград – Тие кои посакуваат да носат брендирана гардероба, а не можат да си дозволат, спасот повторно го наоѓаат во продавниците за половна стока, пишуваат Новости. Весникот наведе дека поради кризата и ниските плати расте популарноста на продавниците second hand, кои беа хит пред неколку години. Во последните четири години отворени се многу продавници за стока од втора рака кои во развиените земји одамна се хит.

Атина – Поради економската криза и се потешкиот живот на граѓаните, грчките продавници во својата понуда по пониски цени ќе ги воведат и производите со поминат рок на траење. Здружението на стопанствениците на Атина донесе одлука продавниците од 1 септември да продаваат артикли на кои им е истечен рокот на траење, но по многу пониски цени. Оваа одлука е донесена со цел да се пружи помош на најзагрозените жители на Атина, пишува Т портал. Во продавниците ќе биде означено посебно место на кое ќе стои натпис – производи со поминат рок на траење. Овие производи ќе се продаваат со мерки на внимателност кои подразбираат во никој случај потрошувачите да не бидат доведени во опасност.

Велење – Групата Горење во првата половина на 2013 година имала загуба од 7,8 милиони евра, што е во согласност со годишниот план за работа, изјавено е од Горење. Полугодишниот приход на Горење изнесувал околу 590 милиони евра, што е за 2,7 отсто помалку од истиот период во 2012 година.

Загреб – Стопанството во Хрватска во втората половина на 2013 година се врати на нивото од 2004 година, што значи дека за пет години криза изгубена е една деценија раст. Во истиот период државата не ги намали, туку напротив ги зголеми своите трошоци, укажа макроекономистот Жељко Ловринчевиќ, во интервју за хрватскиот весник Вечерњи лист. Поради таквиот пристап, сметаат аналитичарите во Загреб, Хрватска може да го врати стандардот од 2008 година дури во 2020 година и тоа под услов веднаш да почнат да се спроведуваат реформи.

Брисел – Стапката на невработеност во јули во еврозоната мируваше на рекордни 12,1 отсто, додека вкупниот број на луѓе без работа е нешто намален во однос на претходниот месец. Бројот на невработените во 17 члената еврозона е намален минатиот месец за 15.000 на 19,23 милиони, откако во јуни падна за 35.000, наведе Европскиот завод за статистика.

Виена – Загубата на Хипо Алпе Адриа банката за тековната година може да ги надмине сите очекувања и да достигне 3,5 милијарди евра, пишува виенскиот Формат. Управата на Хипо банка очекува загубите оваа година да бидат најмалку 2,4 милијарди евра, а во најлош случај 3,5 милијарди евра, пренесе виенскиот весник повикувајќи се на плановите за реформи и укажа дека во минатото секогаш најлошото сценарио било пореално.

Лондон – Потрошувачката доверба во Велика Британија порасна во август за три поени и достигна највисоко ниво од октомври 2009 година. Тој показател е зголемен на минус 13 поени, од минус 16 во јули, соопшти истражувачката компанија ГфК НОП, која го пресметува индексот на потрошувачката доверба. Аналитичарите во анкетата на Блумберг во просек очекуваа раст на довербата на минус 14 поени. Во август минатата година индексот на потрошувачката доверба беше минус 29 поени.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП