29 март, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАНамален бројот на туристи во Албанија

Намален бројот на туристи во Албанија

sat

Во периодот јануари-август Албанија ја посетиле над 2,5 милиони туристи, што е за 236.462 туристи помалку споредено со истиот период лани, јави дописникот на МИА од Тирана.

Далеку под очекувањата беа месеците мај и јуни и јули, кога поради изборите, нестабилното време и месецот на постот Рамазан, плажите на албанското крајбрежје беа речиси празни.

Затоа пак во август сместувачките капацитетите беа преполни, а бројот на туристите споредено со истиот месец лани бил поголем за 62.222 странски туристи.

Во вкупниот број туристи се вбројуваат и емигрантите кои во родниот крај масовно доаѓаат за новогодишните и божиќните празници, како и за летниот одмор.

Најголем број од странските туристи се од Косово, потоа од Македонија, а ги има и од други
европски земји,Чешка, Холандија, Франција.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП