25 април, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОТелјо останува на Ноу Камп до 2018-та

Телјо останува на Ноу Камп до 2018-та

Cristian-Tello

Екипата на Барселона ја продолжи соработката со младиот Кристијан Телјо, па така тој ќе остане во редовите на каталонскиот клуб до 30-ти јуни 2018 година.

Надежниот фудбалер на Каталонците чија откупна клаузула сега изнесува високи 25 милиони евра се одлучи да остане на „Камп Ноу“ и во наредните пет години.

„ Среќен сум што го продолжив договорот. За мене е сон што ќе продолжам да играм уште многу години во овој клуб. Очекувам дека се ќе биде во најдобар ред и дека ќе успеам да ги искористам минутите кои оваа сезона ќе ми бидат овозможени од новиот тренер“, – изјавил младинскиот шпански репрезентативец за официјалната телевизија на Барселона.

Телјо минатата сезона настапи на вкупно 34 натпревари во сите натрпеварувања во дресот на Каталонците на кои успеа да постигне 8 голови.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП