28 март, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАСловенечката инфлација расте, БДП паѓа

Словенечката инфлација расте, БДП паѓа

slo1

Во Словенија инфлацијата на крајот на овој месец била 0,3 проценти, а на годишно ниво 2,2 проценти, соопшти државниот Завод за статистика.

Според статистиката, пред се, поскапеле услугите. Бруто домашниот производ во вториот квартал од оваа година, во споредба со истиот период од 2012 година, e помал за 1,7 проценти, а вкупниот пад на БДП, во првата половина од оваа година е 3,2 проценти.

На економската активност и понатаму негативно влијае домашната побарувачка, но нејзиното влијание било помало отколку во претходните квартали, додека пак извозот имал позитивно влијание.

Според статистичките податоци, потрошувачката на домаќинствата се намалила за два проценти, а на државата за 3,1 процент, додека пак, инвестициите во основни средства биле пониски за три проценти.

Извозот се зголемил за два проценти, а увозот останал на приближно исто ниво како во минатата година.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП