20 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАМоже ли преголемата потрага по злато во Индија да ја загрози нејзината...

Може ли преголемата потрага по злато во Индија да ја загрози нејзината економија

indija1

Индиските власти разгледуваат радикален план според кој комерцијалните банки ќе го откупуваат златото од обичните граѓани и ќе го префрлаат во фабриките за племенити метали, во склоп со обидите да го ограничат увозот на злато и да го намалат притисокот поради потонувањето на националната валута рупија.

Овој пилот-проект наскоро ќе стапи на сила, изјави за Ројтерс неименуван извор запознаен со плановите на Централната банка на Индија (РБИ).

Индија има трет најголем светски дефицит на тековната сметка, која е блиску до нивото од 90 милијарди долари, и кој е најголема последица од огромниот апетит на таа земја за увоз на злато.

Со 31.000 тони комерцијално достапно злато во Индија, чија вредност е 1.400 милијарди, префрлувањето само на дел од тоа во фабриките, би го задоволило домашниот пазар за тој метал. Во Иднија само минатата година се увезени 860 тони злато.

„Ќе го започнеме овој пилот-проект меѓу поединечни банки, при што ќе им овозможиме да откупат злато од идивидуалните домаќинства“, истакна изворот, и додаде дека РБИ ќе побара со рупии да се откупи накит, златни прачки и монети. Според неговите зборови, кредиторите исто така ќе мораат да понудат подобри стапки од задолжувачите и златарите за да привлечат продавачи.

Секоја дискусија за користењето на индиското злато за таа земја да ги исполни меѓународните обврски, допринесува за оживување на спомените од 1991 година, кога Индија префрли 67 тони злато во Европа, како гаранција за заемот кој го зема за да избегне банкрот.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП