28 март, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАОланд сака „даночна пауза“

Оланд сака „даночна пауза“

oland11

Францускиот претседател Франсоа Оланд најави дека е нeопходно да се направи „даночна пауза“ порано од тоа што беше планирано, благодарение на значителните заштеди.

Во изјавата за францускиот весник „Монд“, Оланд додаде дека можноста за зголемување на даноците за социјално осигурените е отфрлена, поради обезбедувањето на дополнителни средства за реформи на пензиското осигурување.

Францускиот претседател, исто така, истакна дека ќе биде променет индексот на даночната скала за добивката.

„Признавам дека есента во 2012 година Французите мораа да вложат дополнителни напори за намалување на големиот дефицит, а најголемиот товар го почуствуваа најбогатите“, додаде претседателот.

Оланд ја најави можноста да биде извршена ревизија на прогнозата за економскиот раст за 2014 година, кој може да биде малку поголем од она што се очекуваше.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП