29 март, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАЕУ инвестира но никој не и враќа

ЕУ инвестира но никој не и враќа

Europe1

Европската унија меѓу 2008 и 2011 година ги зголеми странските директни инвестиции во светот за 50 проценти.

Така што на крајот на 2011 година, таа низ целиот свет има инвестирано околу пет илјади милијарди евра.

Во исто време, странските директни инвестиции надвор од ЕУ во Унијата достигнале 3,8 илјади милијарди евра, а ЕУ беше нето инвеститор.

Податоците на Европската статистичка агенција покажуваат дека според состојбата на крајот на 2011 година, ЕУ најмногу инвестирала преку Атлантикот, во Северна Америка 1,64 илјади милијарди евра, во Централна Америка 450 милијарди, а во Јужна 353 милијарди.

Во европските земји надвор од ЕУ, Унијата инвестирала 1,13 илјади милијарди евра, во Азија 728 милијарди, а во Африка 224 милијарди.

Гледано по земји, ЕУ во САД инвестирала 1,42 илјади милијарди евра или 29 проценти од вкупната вредност на инвестициите во светот. Следи Швајцарија со 598 милијарди евра, Бразил со 239 милијарди, Канада со 222 милијарди и Русија со 167 милијарди.

Истовремено, најголемите инвестиции во ЕУ, биле од САД, 1,34 илјади милијарди евра.

На листата на инвеститори во ЕУ следат, Швајцарија со 467 милијарди евра, Јапонија со 144 милијарди, Канада со 138 милијарди и Бразил со 78 милијарди.

Според податоците објавени на крајот од 2012 година, а кои се однесуваат на 2009 година, услужниот сектор доминира и во директните странски инвестиции на ЕУ во светот и во инвестициите од светот во ЕУ.

 

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП