23 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАВелика Британија: Расте довербата на потрошувачите

Велика Британија: Расте довербата на потрошувачите

potroshuvachkadoverba1

Довербата на потрошувачите во Велика Британија пораснала во август за три поени и достигна највисоко ниво од октомври 2009 година.

Тој показател е зголемен на минус 13 поени, од минус 16 во јули, соопшти истражувачката компанија „GfK NOP“, која го пресметува индексот на довербата на потрошувачите.

Аналитичарите во анкетата на Блумберг во просек очекувале раст на довербата на минус 14 поени. Во август минатата година довербата на потрошувачите била на минус 29 поени.

Индексот на проценката на потрошувачите на целокупната економска ситуација во земјата во наредните 12 месеци е зголемен за осум поени, на минус еден поен, што е највисоко ниво од април 2010 година.

Индикаторот кој ја покажува проценката на личните финансиски ситуациии на Британците во следната година не се променил во август и останал на нула, се наведува во соопштението на компанијата.

Истовремено, под-индексот, која ја проценува подготвеноста на потрошувачите да трошат пари на големи купувања, овој месец се зголеми за пет поени, на максимални од декември 2012 година, минус 16 поени.

Економскиот раст на Велика Британија е зголемен во второто тромесечје на 0,7 проценти, а во третиот квартал се очекува понатамошно подобрување на индикаторот за активностите во преработувачката индустрија и областа на услугите.

Британската асоцијација на економските комори во петокот ја подигна прогнозата за раст на бруто домашниот производ (БДП) за оваа година од 0,9 на 1,3 проценти, а за 2014 година од 1,9 на 2,2 проценти.

Во истражувањето кое го нарача Европската комисија, а го спроведе агенцијата „GfK“ од 2 до 21 август, учествувале повеќе од 2000 Британци постари од 16 години.

Најниското ниво на индексот за довербата на потрошувачите, кој се пресметува од 1974 година, бил забележан во јули 2008 година – минус 39 поени. Просечниот показател во целата историја изнесува минус девет поени. Минатата година просечната вредност на индикаторот била минус 29 поени.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП