29 март, 2024
ПочетнаАВТОБИЗРозов паркинг за жени

Розов паркинг за жени

parking

Кинеските паркинзи веќе имаат зони само за жени, а причината за тоа е да им олеснат на дамите кои имаат проблеми со паркирањето .

Обоен во розово со модерен дизајн и поголем простор за маневрирање , овој подземен паркинг во Тијанџин , Источна Кина е дизајниран целосно за жени, па поради тоа дури има и розови сообраќајни знаци.

„The LP – Ladies ‘ Parking“ изгледа стануваат се повеќе популарни во Кина, каде средната класа расте и повеќе луѓе можат да си дозволат автомобил . Трговските центар во кинеската провинција Хебеј исто така бојадиса во розово дел од својот паркинг . Според управата на трговскиот центар така жените ќе добијат подобра претстава за растојанијата.

parking1

Статистиката покажува дека во 2009-та година во Кина вклучувајќи и при паркирањето, загинаа повеќе од 67 илјади луѓе . И покрај модата на женските паркинзи, студија покажува дека смртните случаи кај мажи-возачи се три пати поголеми, отколку оние кај понежниот пол. Освен тоа осигурителните полиси за жени се поевтини од оние кои се нудат на мажите, што наметнува заклучок дека дамите се внимателни возачи .

Поради се поголемите автомобили, зголемувањето на бројот на возачите и високата смртност на патот, можеби е подобро сите паркинзи да ги прошират зоните за паркирање, за да им се олесни на клиентите, смета „Daily Mail“.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП