28 март, 2024
ПочетнаАВТОБИЗДесетте најпродавани возила во Франција се...

Десетте најпродавани возила во Франција се…

francija koli

Французите и натаму претежно купуваат домашни модели на автомобили, а најпродавано возило во оваа земја во првите седум месеци од 2013-та година е „Renault Clio IV“ со вкупно 63.000 испорачани единици. Единствениот нефранцуски автомобил кој успеа да се најде на листата е „Volkswagen Polo“.

На второто место на најпродавани возила во Франција е директниот ривал на моделот „Clio“, „Peugeot 208“. Oд јануари до јули 2013-та година продадени се 57.800 примероци од овој автомобил. Трет на листата е „Renault Scenic“ за кого интерес покажале 30.849 французи.

Четврти по бројот на продадени автомобили е „Renault Megan“, кој е еден од најпопуларните возила на „Renault“ во Франција во последните две децении. На петто место на оваа листа е „Citroen C3“, додека шести е „Dacia Sandero“ кој се произведува во фабриката на „Renault“ во Мароко.

Седмиот најпродаван автомобил во Франција во првите седум месеци во 2013-та година е уште еден модел на „Peugeot“ и тоа 3008, a потоа следи „Citroen C4“. Деветти е „VW Polo“, кој воедно е и единствениот странски модел на оваа листа, додека на десетата позиција се најде „Renault Twingo“.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП