25 април, 2024
ПочетнаАВТОБИЗВолво најавува нов концепт за во Франкфурт

Волво најавува нов концепт за во Франкфурт

volvo koncept

Откако на интернет неодамна се појави фотографија на „таинствен концепт“ кој ќе биде прикажан во Франкфурт, љубителите на автомобили можеа само да погодуваат за какво возило станува збор. Волво ги реши сите дилеми и откри дека во прашање е нов концепт.

Сликите кои Волво ги објави се како најава на овој автомобил, а на нив се прикажани детали од предниот и задниот дел од возилото и врата со ретровизор.

volvo koncept1

Веднаш се забележува дека концептот стилски се разликува од акутелната гама, што не е изненадувачки кога се знае дека зад овој автомобили стои нов шеф на дизајн, Томас Ингенлат кој во Волво дојде во 2012-та година од групацијата Фолксваген. Ова всушност е и првиот Волво концепт од кога Ингенлат ја превзма функција во шведскиот производител.

Предниот верикално засечен дел, а особено маската на ладилникот потсетува на старите модели на марката Волво.

Ингенлант објаснува дека со овој концепт сакал да го врати посебниот имиџ кој некогаш Волво го имал.

volvo koncept2

„Кога дојдов во компанијата некои луѓе го опишуваа дизајнот на актуелните Волво автомобили како премногу „мек“. Со други зборови, иако се убави сегашните модели немаат потребна „острина“ која би ги извдоила од конкуренцијата“ објаснува новиот шеф на дизајн.

Покрај новиот изглед на предниот дел на автомобилот, концептот донесува и различен, свеж дизајн на стоп-светлата, но и на целиот заден дел на возлото.

volvo koncept3

Покрај тоа надворешните ретровизори се значително намалени, што е вообичаен тренд на концептните автомобили.

Се очекува Волво да објави повеќе фотографии и детали за новиот концепт пред почетокот на Саемот во Франкфурт.

 

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП