24 април, 2024
ПочетнаАВТОБИЗПроизводниот WRX пристигнува во Лос Анџелес

Производниот WRX пристигнува во Лос Анџелес

subaru wrx

„Subaru“ најверојатно планира да ја прикаже производната верзија на својот „WRX“ концепт во ноември на саемот за автомобили во Лос Анџелес. Овој модел за првпат е виден во концептна форма во Женева како „WRX/STI“.

Возилото во продажба треба да се појави наредната година и тоа на почетокот, при што моделот ќе биде достапен само како седан затоа што „Subaru“ планира да ја отфрли хечбек верзијата на овој автомобил.

subaru wrx1

Се очекува погонот да дојде од унапредениот четирицилиндарски 2.5L мотор кој развива 265ks во обичната „WRX“ верзија, односно 305ks во „STI“ верзијата.

Истите извештаи ни дадоа идеа за тоа што можеме да очекуваме од „Subaru“ во наредните неколку години, при што знаеме дека редизајнираниот „Outback/Legacy“ е планиран за третиот квартал од 2014-та година.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП