18 април, 2024
ПочетнаАВТОБИЗКога Aston Martin навистина би изгледал вака

Кога Aston Martin навистина би изгледал вака

aston render

Студиите на „слободните“ дизајнери во принцип се похрабри и повозбудливи од делата на луѓето кои се вработени во корпорациите каде тие се среќаваат со голем број ограничувања. Поради тоа повремено ви прикажуваме визии на концептни возила кои овие автори ги посветуваат на своите омилени автомобилски брендови.

Хиберавтомобилот на „Aston Martin“ – „One-77“, кој се произведува во ограничена серија од 77 примероци од неодамна го пронајде својот последен купувач, па местото на топ модел во гамата на британскиот бренд е испразнето.

Од компанијата засега немаат свежи информации за негов наследник, но затоа независниот дизајнер од Азербејџан, Самир Садиков се осмели да ја прикаже својата визија за еден таков автомобил.

Неговата дизајнерска студија е наречена „Aston Martin DBC“ и прикажува автомобил кој би можел да се најде на врвот во производствената гама.

aston render1

„DBC“ со својот изглед ја разбива стилската рутина според која актуелните автомобили на британскиот производител личат премногу едни на други. Сепак, некои елементи се карактеристични за „Aston Martin“, како обликот на маската на ладилникот или стоп-светлата кои се задржани во умерена форма.

„Многу е важно автомобилот да има чисти и модерни линии, но да биде препознатлив како „Aston Martin“, така ја објаснува својата студија Садиков.

Со оглед дека знаеме дека дури и официјални концептни автомобили честопати не стигнуваат до производните погони или се реализираат во различна форма, па поради тоа ни останува само да уживаме во компјутерските цртежи како овој.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП