24 април, 2024
ПочетнаАВТОБИЗТри во едно - Infiniti Q30 concept

Три во едно – Infiniti Q30 concept

infiniti q

„Infiniti“ ја објави првата фотографија од својот нов компактен концепт наречен „Q30“ кој се очекува да има премиера во Франкфурт. Станува збор за автомобил кој во себе обединува хечбек, купе и кросовер возило.

Како што велат во „Infiniti“, „Q30“ е дизајниран пред се да и се допадне на младата популација. Идеата била во компактниот премиум сегмент да се понуди автомобил кој има спортски линии на купе, димензии на мало семејно возило и карактеристики на кросовер.

Концептот има современ, флуиден дизајн и стилски потсетува на новата „Mercedes“ A класа и „GLA“ кросоверот. Покрај наведените модели на германската компанија, идната сериска верзија би била конкурент и на соодветните автомобили на „Volvo“, како што се „V40“ и „V40 Cross Country“.

Според најавите „Q30“ ќе има систем за подесување на потпирањето и ќе ја користи компактната платформа на „Mercedes“ – „MFA“. Производната верзија е потврдена за 2015-та година, а ќе се произведува во погонот на „Nissan“ во Сандерленд.

Повеќе детали за концептот „Q30“ ќе бидат познати за време на Саемот за автомобили во Франкфурт.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП