19 април, 2024
ПочетнаАВТОБИЗDaimler ќе инвестира 2 милијарди во Кина

Daimler ќе инвестира 2 милијарди во Кина

mecka kina

„Daimler AG“, производителот на луксузната марка на автомобили „Mercedes-Benz“, планира да инвестира 2 милијарди евра во Кина во изградбата на најголемата фабрика, во обид да се натпреварува со „BMW“ и „Audi“ во оваа земја.

Фабриката треба да биде завршена во 2014-та година и двојно да го зголеми производството на „Daimler“ во Кина до над 200.000 возила годишно. Дел од инвестицијата на компанијата ќе оди во фабрика за производство на мотори и во други производствени капацитети.

„Daimler“ има во план да продава 300.000 возила годишно во Кина до 2015-та година, додека „Audi“ ја достигна оваа бројка во 2011-та година, а „Bayerische Motoren Werke AG“ (BMW) го направи тоа минатата година.

Тоа значи дека „Daimler“ треба да го забрза растот на најголемиот автомобилски пазар во светот за да ја постигне целта да стане најголем производител на луксузни автомобили во светот до крајот на деценијата. Компанијата „Daimler“, која си постави за цел да продаде повеќе од 1,4 милиони возила во светот во 2013-та година, ќе ја претстави обновената „S“ – класа до крајот на годината во Кина, која сочинува повеќе од половина од светската продажба на моделот.

Новата „S-Class“ ќе биде меѓу 20-те нови или обновени модели кои „Daimler“ планира да ги претстави во Кина до 2015-та година.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП