18 април, 2024
ПочетнаКАРИЕРАОтворени денови на деловна едукација во Македонија

Отворени денови на деловна едукација во Македонија

sales

Отворени денови на деловна едукација денеска и утре се одржуваат првпат во Македонија. Експерти од Македонија и регионот ќе ги претстават новите вештини во повеќе области како  финансиите, човечките ресурси, продажбата, маркетингот, набавката и логистиката.

Посебно внимание, како што беше посочено на денешната средба со новинарите,  ќе се посвети на тоа како треба да се мотивираат вработените во услови на економска криза, а присутни се повеќе од 200 компании и поединци од земјава, кои се заинтересирани за примена на новитетите во деловната комуникација во фирмите и во релациите и односите меѓу нив. Станува збор за претставници на висок и среден менаџмент, кои се во постојан контакт со своите вработени – шефови на сектори и служби, супервизори, координатори, секретари, лидери на тимови, односно  раководители од сите профили (финансии, продажба, маркетинг, производство) и области (економија, банки, осигурување, државни органи, локална самоуправа).

Тања Сориќ од Хрватска порачува дека најважно е во услови на криза да ги мотивираат вработените и покрај намалувањето на платата. Смета дека тоа треба да се направи преку пофалба на вработените за сработеното.

Отворените денови ги организира Трипле С Гроуп. Идејата, како што посочуваат, произлезе од потребата на компаниите да имаат повеќе знаење.  – Во услови на економска криза, која ја зафати и Република Македонија, настанаа промени и во компаниите во земјава, во смисла на оптимизирање на трошоци, намалени приходи на вработените, намалување на бројот на вработени, кратење на редовните активности, кои претставуваат поддршка на кадарот за поголема ефикасност во хиерархиската поставеност за постигнување на целите на компаниите. Од друга страна, според спроведени анализи, утврдено е дека компаниите, кои немаат развиено култура на деловна комуникација, на пазарот се пробиваат многу бавно, сметаат од Трипл С Груп.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП