19 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАОли Рен: Повисоките даноци во Франција ќе го уништат економскиот раст

Оли Рен: Повисоките даноци во Франција ќе го уништат економскиот раст

ren1

Новите мерки за намалување на францускиот буџетскиот дефицит треба да произлезат од намалувањето на државната потрошувачка, а не од новите даноци, предупреди европскиот комесар за економија. Секој нов чекор би го уништил растот и би го затворил просторот за создавање на нови работни места, предупреди Оли Рен.

Тој потенцираше дека даноците во Франција достигнале „фатално ниво“.

Неговите изјави временски се поклопуваат со напорите на француската влада да дојде до крајот на реформите поврзани со буџетските планови, вклучувајќи ги реформите во францускиот здравствен систем и пензиското осигурување.

Според неодамнешните ревидирани правила на ЕУ за економско управување, владите на земјите членки се должни буџетот пред неговото усвојување да го предадат во Европската комисија на оценка.

Изјавата на Рен најверојатно нема да биде добро примена во владата на претседателот Франсоа Оланд, која во многу наврати изрази незадоволство од критиките на Комисијата.

„Комисијата не може да ни диктира што да правиме. Таа може само да каже дека Франција треба да го избалансира државниот буџет“, изјави Оланд во мај.

За разлика од мерките за штедење кои ги спроведуваат повеќето земји членки на ЕУ, владата на Оланд предност му даде на зголемувањето на даноците, наместо на намалувањето на потрошувачката, со настојување да го избалансира државниот буџет. Даночното оптеретување во Франција во моментов изнесува околу 48,5 проценти од БДП.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП