29 март, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАСертификати за 10 нови произведувачи на сушени производи

Сертификати за 10 нови произведувачи на сушени производи

suseno voce

На 10 произведувачи на сушени производи, кои во изминатите четири месеци следеа обука во специјализирана работилница за сушење овошје, зеленчук и билки, денеска во средното училиште „Марија Кири-Склодовска“ во Општина Аеродром, им беа доделени сертификати.

Кандидатите ја следеа обуката два месеца во училиштето во специјализираната работилница и два месеца беа на практична работа во компании, кои се занимаваат со истата дејност.

Целта на обуката е кандидатите да се здобијат со сертификат што ќе им помогне за олесно вработување.

Обуката се организира во рамки на програмата за обука на кадри дефицитарни на пазарот за трудот организирана од Владата на Република Македонија и Агенцијата за вработување

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП