18 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАЕЦБ нема засекогаш да ги задржи ниските каматни стапки

ЕЦБ нема засекогаш да ги задржи ниските каматни стапки

ecb121

Малку е веројатнo дека Европската централна банка долги години ќе ги задржи каматните стапки на ниско ниво, изјави гувернерот на германската централна банка Јенс Вајдман.

„Претпоставувам дека каматните стапки нема да останат ниски повеќе години, бидејќи економското влијание на ултра-лабавата монетарна политика ќе избледи, а ризиците за финансиската стабилност ќе се зголемат“, оцени Вајдман, пренесува агенцијата Франс прес.

Претседателот на ЕЦБ, Марио Драги, минатиот месец изјави дека каматните стапки во еврозоната, кои се на историскиот минимум, ќе останат на моменталното ниско ниво подолг временски период, како и дека затворањето на тековната политика на ниски стапки е сеуште далеку.

Меѓутоа, Вајдман, кој исто така е член на управниот одбор на ЕЦБ, вели дека изјавите на Марио Драги не претставуваат цврсти ветувања.

„Очекувањата дека каматните стапки нема да се зголемат подолг временски период се врз основа на нашите економски прогнози. Доколку прогнозата поврзана за центалната стабилност се промени, ние ќе ја промениме својата монетарна политика соодветно на случувањата“, изјави Вајдман.

„Моменталниот релативно мирен период на финансискиот пазар во еврозоната не значи дека долготрајната криза во регионот е готова. Кризата не е готова и потребно е многу да се работи со цел таа да се реши“, предупреди шефот на Бундесбанк.

„Структурните проблеми во земјите погодени од кризата постојат подолг временски период и не можат да бидат решени за неколку квартали, туку за тоа ќе бидат потребни повеќе години. Погрешно е да се каже дека кризата е готова, тоа само ќе доведе до намалување на реформските напори“, изјави Вајдман.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП