29 март, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАВести од светот

Вести од светот

najnovi-vesti1

Загреб – Националниот авиопревозник на Обединетите Арапски Емирати, Етихад, не е заинтересиран за купување на хрватската компанија Кроација ерлајнз, пренесе Танго Сикс. Неименуван портпарол на Итихада за специјализираниот портал за воздухопловство Танго Сикс, рече дека компанијата од Абу Даби не е во преговори со Кроација ерлајнз и дека медиумските наводи за потенцијална заинтересираност за купување на хрватската авиокомпанија не се точни.

Велење – Акционерите на холдингот Горење од Велење со 100 отсто гласови го поддржаа влезот на јапонскиот Панасоник во сопственост на компанијата. Панасоник со 10 милиони евра ќе стекне нешто помалку од 13 отсто сопственички удел во Горење.

Подгорица – Кандидатот за градоначалник на Москва Алексеј Навални е регистриран како еден од основачите на компании во Црна Гора. Иако тој и неговите адвокати тврдат дека политичките опоненти го хакирале сајтот на црногорската Даночна управа и внеле лажни податоци. Даночната Управа на Црна Гора соопшти дека Навални заедно со опозициската политичарка од Русија Марија Гајдер е соосновач на компанијата МРД Компани, регистрирана во 2007 година, како и дека фирмата е регистрирана во Стопанскиот суд тогаш надлежен државен орган за регистрација, а не со упад на сајтот на тој суд.

Хаг – Холандија подготвува изнесување на акциите на национализираната банка АБН АМРО на берзата и нејзина продажба како целина, рече холандскиот премиер Марк Руте. Тој објасни дека за банката ќе добијат толку добра цена, колку што е можно. Шансата да ја продадат со профит е ниска. Во рок од една година ќе одлучат дали е вистинско време и во меѓувреме ќе побараат АБН АМРО да се подготви за излез на берзата, рече Руте и додаде дека план е АБН АМРО да се продаде како целина.

Берлин – Германскиот државен буџет во првото полугодие во 2013 година е реализиран со суфицит од 8,5 милијарди евра, или 0,6 отсто од БДП. Според податоците на Сојузната агенција за статистика на Германија Дестатис, приходите во буџетот се зголемени во периодот јануари-јуни за 16,3 милијарди евра, или 2,8 отсто, во однос на истиот период лани, на 604,5 милијарди евра.

Вашингтон – Бонитетната агенција Мудис порача дека разгледува евентуално намалување на кредитниот рејтинг на четири најголеми американски банки. Мудис ја разгледуваа таа можност поради очекуваното намалување на владината поддршка на банкарскиот сектор во рамки на финансиските реформи. Најголемата американска банка по обем на средствата ЈП Морган Чејс, Велс Фарго, како и инвестиционите банки Голдман Сакс и Морган Стенли се во процес на проценка на рејтингот за нивно евентуално намалување, наведе Мудис.

Пекинг – Најголемиот кинески производител на нафта и гас Петро Чајна во првото полугодие го зголеми нето профитот за 5,6 отсто. Профитот скокна на 65,5 милијарди јуани или (10,7 милијарди долари) или 0,36 јуани по акција. Во истиот период лани компанијата оствари 62 милијарди јуани или 0,34 јуани по акција, што е нешто помалку од очекувањата на аналитичарите (63,2 милијарди јуани).

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП