25 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАЕкономскиот раст на Кина стабилен според службените податоци

Економскиот раст на Кина стабилен според службените податоци

china121

Кинеската влада денес соопшти дека растот на економијата е стабилизиран, по периодот на опаѓање, и дека до крајот на годината ќе изнесува 7,5 проценти, пренесува агенцијата Франс прес.

„Постојат знаци на стабилизација, како и на понатамошен раст. Уверени сме дека ќе ја постигнеме прогнозираната стапка на раст на годишно ниво“.

Економскиот раст на Кина бележи пад последните две ипол години, а во вториот квартал од тековната година тој се намали на 7,5 проценти.

Падот е поголем од претходно прогнозираниот поради неочекувано слабата глобална побарувачка за кинеската роба.

Како што се наведува во соопштението, ова е најдолгиот период на опаѓање на економијата откако Кина се насочи кој пазарната економија пред три децении.

Меѓународниот монетарен фонд (ММФ) и независните аналитичари прогнозираат дека растот на кинеската економија оваа година ќе изнесува околу осум проценти, но одделни експерти сметаат дека растот би можел да биде под седум проценти.

Причината за понизок раст на економијата е напорот на кинеската влада да се намали зависноста на државата од извозот, кој и овозможи економски бум во претходната деценија, и да и се овозможи на земјата одржлив развој врз основа на домашната потрошувачка.

Некои аналитичари изразија загриженост дека економијата може да биде дополнително ослабена ако локалната самоуправа не успее да ги врати кредитите кои ги зема од централната власт по избивањето на економската криза во 2008 година.

Ревизијата од минатата година покажа дека локалната самоуправа должи 10,7 милијарди јуани, односно 1,6 милијарди долари, што е околу една четвртина од годишниот кинески бруто домашен производ (БДП).

Во државната Агенција за статистика велат дека некои долгови се веќе вратени, додека за останатите се изготвува план за отплата.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП