25 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАФранција: Бројот на нови претпријатија во пад

Франција: Бројот на нови претпријатија во пад

france1

Бројот на новорегистрирани претпријатија во Франција во јули е повторно во пад, а категоријата на претпријатија која најмногу е погодена од овој феномен се индивидуалните претпријатија.

Вкупниот број на новоотворени претпријатија, корегиран според сезонските варијации и бројот на работни места, во јули се намали за 1,4 проценти на годишно ниво, по падот кој беше забележан во јуни и мај од 2,0 и 2,6 проценти, објави францускиот Национален институт за статистика ИНСЕЕ.

Најголемото намалување се однесува на новите индивидуални претпријатија, чиј број во јули изнесуваше 21,554, во јуни 22,001, а во мај 22,291.

Од Националниот иститут за статистика заклучуваат дека рецесијата во оваа земја оставила длабоки последици и дека ќе биде потребен поголем временски период на закрепнување.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП