24 април, 2024
ПочетнаАВТОБИЗC class продадена во преку 10 милиони примероци

C class продадена во преку 10 милиони примероци

c klasa

Од „Mercedes“ пристигна податок дека од 1982-година кога е преставен моделот 190 тие имаат продадено преку 10 милиони примероци на „C сlasѕ“.

Актуелната генерација на моделот која е преставена во 2007-та година е продадена во преку 2.3 милиони примероци, а важи за најпродаваните купеа во класата на пазарите во Кина, Германија и САД.

Искусните и постарите читатели можеби се сеќаваат дека претставувањето на најмалиот „Mercedes“ своевремено предизвика многу негативни реакции во јавноста. Сепак, според зборовите на Др. Јоаким Шмит, потпретседателот на компанијата за продажба и маркетинг, „C сlasѕ“ е глобален успех. Според него овој автомобил започна како модел 190 „Baby Benz“ за денеска да стане еден од најуспешните модели во премиум сегментот.

Додека пазарниот век на акутелниот модел неминовно се ближи кон крајот, дознаваме дека новата генерација на моделот „C сlasѕ“ за 2014-та година ќе биде произведена во четирите фабрики кои се лоцирани во најважните пазар, Бремен (Германија), Ист Лондон (Јужна Африка), Пекинг (Кина) и Таскалуза (САД).

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП