20 април, 2024
ПочетнаАВТОБИЗГерманци заинтересирани за Fisker

Германци заинтересирани за Fisker

fisker

Германската компанија „Fritz Nois AG“ е заинтересирана да го купи „Fisker“ за 18.8 милиони евра.

Изгледа дека „Fisker Karma“ и покрај сите проблеми кои му се случија на производителот, стекна завидна репутација во автомобилскиот свет и можеби нема да замине во заборав.

Според пишувањата на германските медиуми, американската компанија „Fisker“ би можела да биде превземена од инвестициската компанија „Fritz Nois AG“ која сака производството да го пресели од Финска во САД, каде според нивното мислење би требало да биде од самиот почеток.

Плановите предвидуваат годишно производство на околу 2.500 примероци на моделот „Karma“. Се уште не е познато дали новиот сопственик набавил погонски батерии за автомобилите, со оглед дека поради банкротот на производителот на литиум-јонските батерии е стопирано производството на „Karmа“ во 2012-та година.

Доколку тој проблем биде надминат, следната фаза за обновување на компанијата би требало да биде производство на други модели кои беа во планот на претходното раководство.

Понудата за купување која германската компанија ја има поднесено најверојатно чека одобрување од Министерството за енергетика на САД.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП