20 април, 2024
ПочетнаАВТОБИЗInfiniti бара млади инженери од цел свет

Infiniti бара млади инженери од цел свет

infinitii

Компанијата „Infiniti“ им дава можност на младите инженери од целиот свет да работат во Формула 1 преку новата иницијатива за барање на млади таленти.

„Infiniti Performance Engineering Academy“ на двајца кандидати кои ќе победат на конкурсот ќе им обезбеди годишен договор со трикратниот шампион во Ф1, тимот на „Red Bull“.

Младите инженери ќе добијат шанса да работат со инженерите на „Infiniti“ кои се веќе стационирани во седиштето на овој тим во местото Милтон Кејс во Велика Британија.

Покрај ова тие ќе имаат можност да се запознаат и со работата во технолошкиот центар на „Infiniti“ кој се наоѓа во Кранфелд во кој ќе можат да го интензивираат своето знаење за идните технологии за патничките автомобили.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП