„Chevrolet“ објави дека на авто-саемот во Франкфурт ќе го претстави редизајнираниот „Camaro Convertible“.
Исто како и „Coupe“ верзијата, моделот со отворен покрив од својот претходник ќе се разликува по модифицираните браници, редизајнираната маска на ладилникот и новите фарови и стоп светла.
„Chevrolet“ во моделот за 2014-та година ќе го вгради и новиот мултимедијален систем „MyLink“ со седуминчен екран чувствителен на допир, како и „ Bluetooth“, „USB“ и „AUX“ конекции.
Освежените „Camaro Coupe“ и „Convertible“ во Европа ќе се продаваат со 6.2 литарски V8 мотор кој произведува 432 ks (318 kW) и 569 Nm максимален вртежен момент. Додека купе верзијата од место до „стотка“ ќе забрзува за 5.2 секунди, кабриолетот истата задача ја врши за 5.4 секунди.
„Chevrolet Camaro“ за 2014-та во европските продажни салони ќе пристигне до крајот на 2013-та година, а цената во Германија ќе изнесува од 39.990 евра зa „Coupe“ и oд 44.990 евра за верзијата со отворен покрив.