25 април, 2024
ПочетнаАВТОБИЗШто се тоа „брзи“ гуми?

Што се тоа „брзи“ гуми?

gumi

Гумите мораат да го „следат“ возилото, неговата моќ, перформансите, но и стилот на возење. Затоа автомобилите со високи перформанси користат пневматици со високи перформанси кои можат да ги поднесат екстремните услови при големите брзини.

Пневматиците се дизајнираат за да одговараат на одреден вид на автомобили. Па така ти му помагаат да ги постигне максималните перформанси, а гумите кои одговараат му помагаат на возилото да го извлече предвидениот максимум.

На пример за камион се препрачуваат гуми кои можат да пондесат големи оптеретувања, а кои не се предвидени за брзо возење по патиштата, затоа што намената на возилата е друга. За да се направи гума која би можела да поднесе голем терет и да вози со преку 200 километри на час, сосема е извесно дека би била непотребна и прескапа.

Слично е со тоа доколку на обичен патнички автомобили се монтираат гуми кои се правени за брзини преку 300 km/h, тогаш тие само би ја изгубиле својата цел, затоа што тој тип на автомобили никако не би можел да ја достигне споменатата брзина. Цената на едно такво возило би била иронично скапа, токму поради прескапите пневматици.

„Брзите“ гуми се препорачуваат за возила кои можат да постигна брзина поголема од 210 km/h. Во оваа категорија се наоѓаат автомобили како брзи хечбекови, спортски седани и купеа, суперавтомобили. Ваквите гуми се во директна врска со индексот на брзина, ознаката на гумата која покажува колку е максималната брзина која тие можат да ја поднесат.

Ознаките на индексот на брзина на таканаречените „брзи“ гуми се следниве:

Индекс на брзина:         Максимална брзина (km/h):

H                                             210

V                                             240

W                                            270

Y                                              300

ZR                                           за преку 240

„Брзите“ гуми се направени од долготрајни и скапи материјали се со цел да бидат отпорни на високите температури кои се ствараат при големите брзини.

Одредена врста на гуми е наменета за одредено возило. Додека е така, гумите ќе придонесат автомобилот да го постигне целиот потенцијал и обратно.

 

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП