19 април, 2024
ПочетнаАВТОБИЗJaguar се откажува од V8 моторот

Jaguar се откажува од V8 моторот

jaguar motor

Земајќи ги во предвид се построгите закони кога е во прашање емисијата на штетни гасови и не така добрата економска ситуација, производителот на автомобили „Jaguar“ е принуден во својата понуда да вметне мал хечбек модел. Но исто така ова би можело да значи дека би морал да се откаже и од V8 моторот.

Раководителот на производственото и маркетинг одделение на компанијата „Jaguar“, Стивен де Плоеј, смета дека моќниот V8 би  можел да биде заменет со друг модел кој ќе нуди исти или подобри перформанси. Од друга страна, де Полеј смета дека постои и друг начин за намалување на емисијата на штетни гасови, а еден од првите чекори би може да биде да се откажат од супер полначите кои не се доволно добри како турбо полначите, кога станува збор за одржување на ефикасноста и обезбедување на моќта.

Но тоа што ги сопира во сето тоа е фактот дека супер полначот е самата основа на одличните перформанси на „Jaguar“, па во наредниот период оваа компанија ќе се фокусира на замена на атмосферскиот V8 со нов 3.0L V6 мотор со супер полнач.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП