25 април, 2024
ПочетнаКАРИЕРАНајчестите грешки на интервју за работа

Најчестите грешки на интервју за работа

intervju1

Ова се некои од грешките кои треба да се избегнуваат на интервју за работа.

Лажење

Лажењето не е опција. Порано или подоцна вистината ќе се појави на површината, а последиците може да бидат непријатни. Запомнете дека лицето кое ве интервјуа секогаш може да постави потпрашање и на тој начин ве открие дека лажете. На овој начин засекогаш си ја затварате вратата во таа компанија.

Обвинување на поранешниот работодавач

Уморни сте од вашата работа и не одвај чекате да најдете друга? Не сте задоволни со третманот на компанијата каде што работите во моментов? Интервјуто за работа не е место за оговарање на поранешниот / сегашниот работодавач. Ако го критикувате вашиот шеф или колегите, лицето кое ве интервјуира може да помисли дека имате проблем со авторитет, и дека имате тенденција да ги обвинувате другите. Во таква ситуација вие ќе излезете лошата личност, а не вашиот шеф.

Суровост

За време на интервјуто, однесувајте се професионално и љубезно. Можеби мислите дека сте му симпатични на лицето кое ви интервјуира, но тоа не значи дека автоматски станувате најдобри пријатели. Биде љубезен, пријателски настроен и максимално опуштен. Ако приметите дека сте претерале со интимност и можеби сте кажале нешто непристојно, веднаш извинете се.

Песимизам

Со песимистички став и со жалење нема да се извлечете. Лицето со која разговарате ќе ве доживее како негативна личност, и тоа би можело да и го расипе расположението, што би можело да влијае врз исходот од интервјуто.

Неподготвеност

Пред интервјуто, прочитајте го уште еднаш CV-то и огласот за работа.Зошто? За да се избегне срам предизвикан од фактот дека не може да се сетите на детали од вашата биографија. Запамтете ги потребните квалитети наведени во огласот и ќе бидете во можност да покажете дека ги поседувате истите.

Нервоза / ароганција

Со нервозен настап може да оставите впечаток на неспособен човек  кој не може да се изврши одредена работа, а со арогантно однесување ќе бидете етикетирани како некој кој не ќе може да се вклопи во постојниот тим.

Лош прв впечаток

Првиот впечаток се создава во првите неколку минути, и натамошниот тек на интервјуто секако зависи од почетниот впечаток кој сте го оставиле. Затоа понекогаш првиот впечаток е од клучно значење и не смее да дозволи тој да биде негативен.

 

 

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП