20 април, 2024
ПочетнаТЕХНОЛОГИЈАGoogle го редизајнира пребарувањето на фотографии

Google го редизајнира пребарувањето на фотографии

google

„Google“ објави редизајн во пребарување на фотографии, со надеж дека корисниците ќе можат полесно и побрзо да го најдат тоа што ги интересира.

Компанијата објавува дека редизајнот ќе овозможи движење помеѓу фотографиите со помош на тастатура, додека моменталната слика се наоѓа во централниот дел на сајтот.

На овој начин ќе се прикажуваат информации за димензиите и името на фајловите, за кои досега беше потребно со глувчето да се држи неколку секунди над резултатите од пребарувањето.

Овој редизајн истотака ќе го промени и досадниот и чуден приказ кој во позадина  ја отвараше страната на која се наоѓа фотографијата, а конкретната фотографија ја отвараше преку таа страна.

„Google“ истакнува дека со овие промени ќе се подобри брзината на пребарувањето како и интернет конекцијата на корисникот и истотака ќе се намали оптеретувањето на серверот.

Ова е втора промена на „Google“ во пребарувањето на фотографии, по поставувањето на алгоритам кој има тенденција да прикажува  експлицитна содржина дури и кога „сигурното“ пребарување е исклучено.

„Google“ најавува дека новиот дизајн ќе се појави за неколку дена.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП