20 април, 2024
ПочетнаЗДРАВЈЕЗдрав начин на живот и здрава исхрана

Здрав начин на живот и здрава исхрана

zdrav-nachin

Многу се зборува за тоа дека треба да се води здрав живот, да се створат здрави навики и да се направи нешто за да се намали ризикот по вашето здравје. Помалку или повеќе сите знаеме што значи тоа. Трчање, но и било која друга физичка активност согорува калории и придонесува за здравјето. Немојте на почетокот да се обесхрабрите доколку не забележите значителен напредок. Секоја нова позитивна навика во вашиот живот треба да се врши постепено, бидејќи само на тој начин се постигнува долгорочна корист од сите тие постапки.

Промената во начинот на исхраната е основа за намалување на нивото на штетниот холестерол и вкупниот холестерол, со што се намалуваат ризиците од кардиоваскуларни болести. А најчесто високиот холестерол и триглицеридите во крвта се оние кои се одговорни за поголемиот број од современите болести. Ова не значи дека треба да се откажете од сите масни намирници, но треба да ги избирате оние масти кои не се заситени.

Тие се: масно месо, животинска кожа, полномасни млечни производи, кокосово и палмино масло. Транс масните киселини, како и заситените масти, го зголемуваат нивото на холестерол во крвта. Маргаринот добиен од  хидрогенизирано растително масло или масти, исто така го зголемува нивото на LDL холестеролот, а се наоѓа во многу грицки, колачиња и крекери.

 

Исхраната со малку заситени масти е добар начин за да започнете со здрав начин на живот, а тоа значи:

– намалување на LDL холестерол и вкупниот TC холестерол

– подобрување на циркулацијата на крвта

– намалување на ризикот од артериосклероза и други промени на крвните садови

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП