20 април, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОПартизан и Ц. Звезда не вредат ни 10 милиони евра

Партизан и Ц. Звезда не вредат ни 10 милиони евра

kosarka-superliga-srbije-partizan-crvena-zvezda-1328585176-79048

Премиерот на Србија, Ивица Дачиќ е првиот политичар кој отворено се залагаше за приватизација на кошаркарските клубови Партизан и Црвена Звезда, затоа што државата неможе повеќе да ги покрива нивните долгови.

Доколку навистина тоа се случи, купувачите сега би требало да одвојат помеѓу пет и десет милиони евра по клуб, со оглед на факот дека тие немаат недвижен имот и цената им зависи од проценките на брендот и екипата. Партизан и Звезда немаат имот во нивна сопственост, затоа што „црвено-белите“ имаат под кирија канцеларија и теренот на „Малиот Калемегдан“, како и термините во салата „Пионир“. „Црно-белите“ имаат канцеларија на стадионот во Хумска, а останатото и тие го изнајмуваат.

Истовремено, фудбалските клубови Партизан и Црвена Звезда имаат даночен долг од околу милијарда динари. Даночната управа наведе дека Партизан должи 612 милиони динари од кои каматата е 146 милиони динари. Долгот на Звезда е 372 милиони динари (54 милиони динари камата).

Слични проблеми како двата кошаркарски гиганти од Србија имаа и познатите хрватски клубови.

Цибона имаше долг од 16 милиони евра, но Градот Загреб го распушти раководството и го превзеде клубот и финансиски го стабилизираше. Екипата на Сплит ја немаше таа среќа. Клубот е процентет на „само“ 1.030.000 евра и приватизацијата веќе неколку години неможе успешно да се заврши.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП