29 март, 2024
ПочетнаАВТОБИЗInfiniti подготвува конкурент на А class

Infiniti подготвува конкурент на А class

infiniti q

Од авто-саемот во Франкфурт не дели нешто повеќе од еден месец, а најавите за премиерите на нови модели и дизајнерски студии веќе почнаа да ги полнат страните на автомобилските интернет страни. Последната вест во низата е за концептот „Infiniti Q30“.

„Infiniti“ ја започна годината со најавата за нова номенклатура во рамките во која сите модели ќе ја имаат буквата „Q“ во името, па така на саемот во Женева следеше премиера на спортскиот седан „Q50“. За Франкфурт се најавува потполно нов концепт на компактен премиум автомобил со ознаката „Q30“.

Иако цртежот кој производителот го објави претставува стилизирано возило, а доколку автомобилот биде и приближно сличен и во живо, „Infiniti“ ќе продолжи со успешниот тренд на дизајн на привлечни и флуидни линии.

„ Концептот „Q30“ претставува вовед во проширувањето на гамата на нашите модели и најава на нов стилски израз кој треба да ги привлече младите клупувачи кои имаат современ поглед кон светот“, вели претседателот на „Infiniti“, Јохан де Нишен.

„Infiniti Q30“ воедно е и првиот производ на овој производител кој настанал под раководство на шефот на дизајн, Алфонсо Албаисе. Во таа компанија велат дека е во план и сериски модел во чии развој ќе биде вклучен и Себастијан Фетел.

Автомобилот би требало на пазарот да им се спротистави на компактните модели на другите премиум производители како што се „Mercedes A сlasѕ“, „BMW Seriа 1“ или „Audi A3“.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП