25 април, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОПобедникот во ЛШ ќе земе 37.4 милиони евра

Победникот во ЛШ ќе земе 37.4 милиони евра

CHAMPIONS_LEAGUE_2

Европската куќа на фудбалот УЕФА, објави дека следниот победник во Лигата на шампионите ќе добие 37.4 милиони евра. Екипата која ќе триумфира во најсилниот европски клупски турнир, ќе добие и дополнителна сума од распределбата на приходите од телевизиските права.

Во споредба со минатата година нема да има промени во премиите, па така за учество во групната фаза секој клуб има обезбедени 8.6 милиони евра. Секоја победа носи дополнителен 1 милион евра, а реми – по 500 илјади евра.

УЕФА објасни дека 75 проценти од приходите од комерцијалните и медиумските права во рамките на 530 милиони евра ќе бидат распределени меѓу клубовите, а останатите ќе бидат насочени кон европскиот фудбал. Сите приходи над оваа сума ќе се поделат во корист на клубовите – 82 проценти за нив и 18 проценти за европскиот фудбал.

Приходите од Лигата на Шампионите и Суперкупот на Европа се очекува да изнесуваат 1.34 милијарди евра. Победникот во натпреварот за Суперкупот во Прага ќе добие 3 милиони евра, а поразениот – 2.2 милиони евра.

Очекуваните приходи во Лига Европа се 225 милиони евра. И во вториот по сила европски турнир нема промена во однос на распределбата на приходите на клубовите. Секој учесник во групите ќе добие 1.3 милиони евра.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП