24 април, 2024
ПочетнаАВТОБИЗИмпресивна колекција на Серија 3

Импресивна колекција на Серија 3

seria 3

По одлуката на баварската компанија во најновата генерација да ги оддели моделите со 2 и 4 врати во две посебни варијанти на автомобили , Серија 3 повеќе нема да биде иста. Сепак за еден од најголемите колекционери на овие возила во светот, БМВ Серија 3 за секогаш ќе остане единствен модел.

Даниел Фалкенбергер од Германија може да биде горд дека ја поседува една од најголемите колекции на Серијата 3 на БМВ. Неговите 10 автомобили ја покриваат скоро целата историја на овој модел, од првиот во 1975-та година до најновиот Серија 3 GT.

Тој се вљубил во моделот Серија 3 уште како дете, па поради тоа својот прв автомобил го купил на седумнаесет години.

Еден од автомобилите со кој најмногу се гордее е моделот 323i од првата генерација со шестцилиндричен мотор, како и БМВ 320is од втората генерација на Серија 3 кој е специјално направен за пазарите во Италија и Португалија.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП