29 март, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОНаполи го враќа Ето во Италија

Наполи го враќа Ето во Италија

eto

Наполи може да направи уште силен потег на трансферниот пазар и да ја ангажира ѕвездата на Анжи, Самуел Ето.

Италијанците планираат да ги искористат предностите на финансискиот хаос во рускиот клуб, а и не е тајна дека Рафаел Бенитез сака уште еден класа напаѓач до Гонзало Игуаин. Причната желба беше Џексон Мартинез од Порто, но португалскиот гигант категорично одби да се раздели со Колумбиецот.

Според еден од експертите по фудбалски трансфери во Италија, Алфредо Педула во моментов сите фудбалери од првиот состав на рускиот тим се на трансферниот пазар. Веста беше потврдена и од претседателот на Анжи, Константин Ремчуков.

„Вистината е дека ќе се промени начинот на кој се управува со клубот. Многу скапи играчи ќе си заминат. Нашиот буџет ќе биде од 50 до 70 милиони долари годишно“, прецизира тој.

32-годишниот Ето дојде во Анжи во 2011-та година и стана најплатениот играч во светот, откако заработува по 20 милиони евра по сезона по оданочувањето.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП