18 април, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОФелаини се сели на Олд Трафорд?

Фелаини се сели на Олд Трафорд?

Marouane-Fellaini-1863055

Медимите во Белгија објавија дека фудалерот на Евертон, Мауран Фелаини ќе биде првото засилување во летниот преоден рок за клубот од „Олд Трафорд“.

Откако ги загуби битките за Сеск Фабрегас и Тијаго Алкантара, менаџерот на „црвените ѓаволи“, Дејвид Мојс се сврти кон својот поранешен играч од Евертон.

Фелаини би требало да го чини Манчестер Јунајтед околу 25 милиони евра. Според информациите се очекува Белгискиот репрезентативец да има 100.000 фунти неделна плата.

Интересно е што во случај на доаѓање на Фелаини на „Олд Трафорд“, секој од големите тимови во Премиер лигата ќе има макар по еден Белгиец. Азар, Де Брујн, Лукаку играат за Челси, Компани во Манчестер Сити, Вермален во Арсенал, а Вертонген, Дембеле и Чадли во Тотенхем.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП