20 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАТантаров: Владата повторно ќе ни излезе во пресрет за откупот на пченицата

Тантаров: Владата повторно ќе ни излезе во пресрет за откупот на пченицата

pcenica1

„Мелничарите не го почитуваат договорот за откуп на пченицата, плаќаат по 11 до 12 денари за килограм, а квалитетот најчесто го проценуваат паушално наместо според хектолитарската маса на зрното“, велат земјоделците.

Тие денеска или најдоцна утре очекуваат Владата да донесе одлука за интервентен откуп на 8.000 тони лебно жито.

„Владата повторно ќе ни излезе во пресрет. Но, пченица за откуп во овој случај може да понудат само производителите што имаат засеано до 15 хектари“, вели претседателот на Сојузот на земјоделците, Вељо Тантаров.

На неодамнешната средба во Свети Николе на која присуствуваше и ресорниот министер Љупчо Димовски беше договорено пченицата да се откупува во три класи по 13, 14 и 15 денари. На последниот состанок, пак, одржан пред десет дена, преработувачите, како што информира Тантаров, се обврзале да откупат уште по 20 отсто од веќе преземените количини.

Земјоделците од министерот Димовски побараа годинашните субвенции да им бидат исплатени пред сеидбата. Приносите годинава се под очекувањата поради високите температури во јуни, досега се откупени околу 60 отсто, а уредбата за условен увоз од Србија останува во сила додека не се стабилизира домашниот пазар.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП