28 март, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАТрговската размена во првата половина од годинава поголема од пет милијарди долари

Трговската размена во првата половина од годинава поголема од пет милијарди долари

uvozizvoz1

Република Македонија во првите шест месеци од годинава извезла стоки во вредност од 2 милијарди и 720 илјади американски долари, а увезла стоки за 3,186 милијарди американски долари.

Според податоци на Државниот завод за статистика, покриеноста на увозот со извоз изнесува 62,8 отсто, а трговскиот дефицит е 1,185 милијарди американски долари.

Најголемо учеството во извозот имаат катализаторите на носачи со благородни метали или нивни соединенија, фероникелот, производите од железо и челик (валани производи), облеката и преработките од нафта.

Во увозот најмногу се застапени нафтените масла и масла добиени од битуменозни минерали (освен сурови), платината и легурите на платина, необработени или во прав, руди на никел и нивните концентрати и електричната енергија.

Најмногу стоки 70,8 отсто се извезени  во земјите-членки на ЕУ по што следат земјите од Западен Балкан со 20,3 отсто. Најмногу стоки 59 отсто, пак,  се увезени од земјите-членки на ЕУ.

Република Македонија во првите шест месеци од годинава најмногу тргувала со Германија, Грција, Велика Британија, Србија и Италија. Со овие пет земји  е остварена 49,6 отсто од вкупната надворешно-трговска размена.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП