19 април, 2024
ПочетнаКАРИЕРАКако да работите со незадоволни луѓе

Како да работите со незадоволни луѓе

dis1

Сите доживуваме тешки времиња дома или на работа, а тоа влијае на нас и на нашиот однос со другите луѓе.

Сепак, некои луѓе се секогаш несреќни за нешто. Многу често не се задоволни со работните задачи. Не се задоволни дури и ако им се исполнат нивните барања или дури и кога ќе им се исполнат нивните желби.

Затоа мора да го знаете следново:

Никогаш не можете да ги задоволите сите

Враќањето на довербата во луѓето кои се сметаат себеси за жртви на неправда, бара тактика и трпение. Некои неправедни ситуации може да се избегнат уште во времето на одлуката, со објаснување на причините зошто таквата одлука се донесува.

 

Луѓе кои се противат на промените

Постојат луѓе кои се спротивставуваат на промените отворено или на пасивно-агресивен начин. На почетокот ќе се согласат на промени, но ќе се обидат да се одмаздат при  реализација на истите. Доколку работите со такви луѓе, вклучете ги во промените.

 

Луѓе кои се задоволни со просек

Овие луѓе работат од 8:00 до 16:00, и ни повеќе ни помалку. Немаат проблем да ви кажат дека нешто не е нивна работа. Таквите луѓе се нарекуваат “просечни” играчи. Во училиштето секогаш биле задоволни со пролазна оценка, колку да поминат. Работат минимална работа потребна за опстанок и за добивање на плата.

 

Луѓе кои живеат за озборувања

Тие уживаат во пикање на носот во секоја работа, и создаваат диверзија со ширење гласини. Нивното однесување може да биде знак дека тие се осамени, и нивното работно место е речиси единствен извор на комуникација. Не ги охрабрувајте, користете со нив само факти и докази.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП