23 април, 2024
ПочетнаТЕХНОЛОГИЈАKASPERSKY: Пад на спамовите во 2012

KASPERSKY: Пад на спамовите во 2012

kaspersky

Според податоците на компанијата „Kaspersky Lab“, процентот на несакана пошта (спам) во меил сообраќајот опаднал во текот на 2012 година со што достигнал најниско ниво во изминативе 5 години. Просекот за 2012 година е 72,1 отсто, што е за 8,2 отсто помалку во однос на  2011година. Главната причина која довела до смалување на обемот на спамовите е зголеменото ниво на анти-спам заштитата.

Анти-спам заштитата е присутна на секој меил систем, дури и на оние бесплатните.

Многу имеил провајдери имаат воведено правила за потпишување на DKIM (дигитален потпис со кој го проверуваат доменот од каде што е испратен меилот). Втор фактор поради кој е опаднато нивото на спамови е евтиниот рекламен простор на легалните платформи. Со појавата на Web 2.0 подобрена е можноста за рекламирање на интернет (банери,огласи на друштвени мрежи и блогови).

И покрај падот на вкупниот процент на спамови во меил сообраќајот, уделот на меилови со штетна содржина опадна за скромни 3,4 отсто. Ова сепак е доста голем процент со оглед на тоа дека во овој број е вклучена само меил поштата со штетна содржина и не опфаќа други несакани пораки кои содржат штетни сајтови. Опсегот на различни теми кои се користат во штетните меилови бил импресивен во 2012 година. Спамерите како предмет на лажни известувања користеле содржини од угостителство, социјални мрежи, курирски услуги и пораки од финансиски и државни институции. Во 2012 година го прошириле својот репертоар и опфатиле лажни пораки од различни авиокомпании, резервации од хотели и купони.

kaspersky-1-1

 

Географска распостранетост на извори на спамови

Во текот на 2012 година се случиле големи промени во склопот на земји од каде што потекнувааат спамовите.

Кина која во 2011 година не била ни во првите 20 држави од каде потекнувале спамовите, во 2012 година го заземала првото место, со удел од 19,5 отсто од вкупниот број.

САД со 13,5 отсто во 2011 година, а 15,6 отсто во 2012 година, го зазема второто место. Азија и понатаму останува водечки регион за дистрибуција на спамови. Поради зголемениот удел на спамови од САД, Северна Америка го зазема второто место помеѓу топ 10 земји со 15,8 отсто, со зголемување за само 2 отсто во 2011. Истовремено, количината на спамови со потекло од Јужна Америка опадна за 8 отсто и изнесува 11,8  отсто. И во Европа истотака е забележен пад на спамовите. Во 2012 година, вкупниот број на спамови со потекло од Западна и Источна Европа изнесува 15,1 отсто, процент кој е половина од износот во 2011 година.

kaspersky-1-2

 

 

Штетни атачменти во меиловите

Најголем број на меилови со антивирусна детекција во 2012 година е забелешан во САД. Германија била во водство неколку месеци во текот на годината, но на крајот на годината завршила на второ место.Третото место и припаѓа на Велика Британија, Русија која беше мета број еден во 2011 година, достигна девето место во 2012 година.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП