28 март, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАСтапката на невработеност во Хрватска надмина 21 отсто

Стапката на невработеност во Хрватска надмина 21 отсто

capa-croacia

Стапката на невработеност во Хрватска минатиот месец се зголеми од 204 на 21,1 отсто, што е највисока од март 2003 година, соопшти Државниот завод за статистика.

Просечната стапка на невработеност на ниво на целата 2012 година достигна 19,1 отсто, што е највисоко ниво на регистрирана стапка на невработеност од 2003 година, кога изнесувала 19,5 проценти.

Зринка Живковиќ-Матијевиќ, директор на Дирекцијата за економски истражувања во Рајфајзен банк Австрија, изјави дека Хрватска, која има типично сезонски пазар на труд и во туристичката предсезона и сезона бележи пораст на вработеноста, а по сезоната намалување, дополнително е оптоварена со продолжената рецесија.

Рецесијата трае веќе четири години, приватниот сектор се привикнал на одамна настаните околности, а високата невработеност главно доаѓа од приватниот сектор.

Хрватскиот завод за вработување соопшти дека моментално без работа се 369.805 граѓани.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП