18 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАВо светот рекордни 200 милиони невработени

Во светот рекордни 200 милиони невработени

job111

Бројот на невработените во светот за прв пат во историјата, оваа година ќе надмине 200 милиони, проценува Меѓународната организација на трудот (МОТ), во нејзиниот годишен извештај.

Оваа специјализиана организација на Обединетите нации (ОН), проценува дека во оваа година бројот на невработени ќе се зголеми за 5,1 милион, на вкупно 202 милиона, откако минатата година се зголеми за 4,2 милиони.

Дури ни во следната година не се очекуваат подобри резултати, Мот проценува дека без работа ќе останат три милиони луѓе.

Предупредувањето за растот на невработеноста во светот, МОТ го повторува веќе шест години по ред, од почетокот на глобалната финансиска криза, која најразвиените светски економии ги турна во рецесија.

Доколку се остварат проценките на МОТ, тоа ќе биде рекордната невработеност. Меѓутоа, досега организацијата секоја година ги ревидира податоците на пониско ниво. Во периодот од 2008 до 2010 година, првичната проценка со текот на времето е намалена за 10 до 15 проценти. Од МОТ изјавија дека причината за таа промена се луѓето кои се откажале од потрагата по работа.

„Тоа се луѓе, кои поради сериозноста на кризата или долготрајната невработеност, ја изгубиле надежта и одлучиле повеќе да не бараат работа и затоа тие не се сметаат како невработени, туку како обесхрабрени“, објасни директорот на аналитичкиот оддел на пазарот на трудот во МОТ, Жозе Мануел Салазар.

Директорот на МОТ, Гај Рајдер рече дека ревидираните податоци на МОТ покажуваат дека невработеноста во светот е зголемена за 28 милиони од 2007 година, пред почетокот на финансиската криза.

„Со дополнителните 39 милиони обесхрабрени луѓе, кој во истиот период се повлекле од пазарот на трудот, во глобалната криза настанал јаз од вкупно 67 милиони работни места“, заклучи Рајдер.

 

 

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП