24 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАЕВН Македонија со засилени контроли за крадците и неплаќачите

ЕВН Македонија со засилени контроли за крадците и неплаќачите

evn

ЕВН Македонија ги интензивира контролите на мерните места и во втората половина од месецов откри 22 корисници директно приклучени во мрежата. Тројца од фатените го манипулирале броилото, а тринаесет имале непријавено броило во системот, што исто така е кривично дело казниво според законските прописи во земјава.

Во овој период испорачани се педесетина пресметки за неовластено користење на електричната енергија за што се поднесени и кривични пријави за корисниците.

– Засилените контроли и присуството на полицијата и судските вешти лица придонесоа да се откријат двојно поголем број на кражби на електрична енергија споредено со првите недели од јули. Штетата која ја направиле во системот изнесува седум милиони денари, односно крадците нелегално потрошиле 894.000 киловат часови електрична енергија, велат од компанијата.

Оттаму најавуваат дека заедно со полицијата нивните стручни лица ќе ги продолжат засилените контроли и во наредниот период.

– Покрај крадците на електричната енергија, ќе се санкционираат и нередовните плаќачи. Непопуларната мерка исклучување од дистрибутивниот систем следува за оние корисници кои имаат неподмирен долг кон ЕВН Македонија, а тужените долгови се предаваат на постапување кај извршителите, велат од компанијата.

Препорачуваат корисниците да не извршуваат никакви неовластени дејствија околу броилата, бидејќи софистицираната опрема за откривање на кражбите, асистенцијата на полицијата и судските вешти лица го комплетираат процесот за лесно откривање и санкционирање на кражбите на електрична енергија.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП